Петков: Јас и Димитар нема да подлегнеме на провокациите!

Кирил Петков – премиерот на Бугарија на Фејсбук објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер – Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

Според него, Бугарија и С. Македонија треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да се градат автопати и да имаме модерни железнички линии.

„Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!“ – објави Петков.