Создадени 8,4 милиони тони пластичен отпад во светот како последица на Ковид 19
Пандемијата на Ковид 19 значително го зголеми количеството на пластичен отпад во светот.
ДПА проценува дека околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во вкупно 193 земји се создадени за време на пандемијата, до август годинава.
Анализите според Програмата за животна средина покажуваат дека луѓето произведуваат околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно.
Најголем дел од пластичниот отпад кој е произведен за време на пандемијата на Ковид 19 е од болниците околу 87,4 проценти. Први на оваа листа се земјите од Азија.
Маските и останатата заштитна опрема сочинуваат 7,6 отсто од отпадот.