Емануел Макрон – претседателот на Франција денеска телефонски разговарал и тоа речиси 2 часа, со рускиот колега Владимир Путин околу кризата во Украина.
„Телефонскиот разговор со рускиот претседател траеше еден час и 45 минути“ – соопштија од Елисејската палата.
Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7. февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.
Макрон повторно ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претседатеот на Украина вчера му рече на Макрон дека нема да одговори на, како што рече, руските „провокации“ и остана отворен за „дијалог“ со Москва.