„Време е Западот да примени дел од санкциите против Русија“

Дмитро Кулеба – украинскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека е време Западот да примени барем дел од санкциите што ги подготви против Русија.

„Русија треба веднаш да се запре. Гледаме како се одвиваат случувањата“ смета Кулеба.

Денеска и белорускиот министер за одбрана – Виктор Хренин изјави дека Минск и Москва одлучиле да продолжат со заедничките воени вежби поради воените активности во близина на надворешните граници на Русија и Белорусија и влошувањето на ситуацијата во Донбас.

„Време е да се дејствува. Официјално велам дека постојат сите основи за да се применат барем дел од санкциите што се подготвени против Русија“ рече Кулеба во обраќањето на Безбедносната конференција во Минхен.