Голманот на Манчестер Јунајтед: Јас сум виновен што загубивме од Баерн Минхен!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на стартот од Лигата на шампионите загубија од Баерн со 4:3, а целата вина ја презеде голманот на „Црвените ѓаволи“, Андре Онана.

Онана од почетокот на сезоната брани под своето ниво, а последниот кикс се случи во 28. минута од натпреварот во Минхен.

Лирој Сане шутираше по средината на голот од 16 метри, а Онана катастрофално реагираше и дозволи топката да ја помине гол-линијата.

Иако без тој примен гол хипотетичкиот резултат ќе гласеше 3:3, Онана по натпревароот ја презеде вината и истакна дека Јунајтед ќе славел доколку тој не се бранел лошо.

„Ја прифаќам одговорноста, моја вина е што не победивме и морам да учам од моите грешки. Искрено, мојот старт во Јунајтед не е добар. Ги изневерив соиграчите на овој натпревар“, изјави Онана по натпреварот.
URL

Кратко потоа, во 32. минута, беше матиран и од Серж Гнабри за 2:0. Во тие моменти се стравуваше дека Јунајтед го чека вистинска катастрофа на „Алианц Арена“.

Меѓутоа, на почетокот на вториот дел, новата летна аквизиција на Јунајтед, Расмус Хојлунд, во 49. минута постигна прекрасен гол за намалување на резултатот.

Само што гостите се вратија во игра, Баерн повторно отиде на плус два. Хари Кејн беше сигурен изведувач на пеналот во 53. минута.

Голеадата не заврши тука бидејќи Каземиро погоди во 88. минута откако одлично се снајде и постигна гол од невозможна позиција за 3:2.

Во судиското надополнување, мрежата се затресе уште два пати. Најпрвин резервистот Матис Тел искористи една пукнатина во англиската одбрана за 4:2, а конечните 4:3 по слободниот удар на Бруну Фернандеш со глава ги постави Каземиро.