Ибрахимовиќ доби понуда да се врати во Милан, експресно одговори
Златан Ибрахимовиќ ужива во почетокот на фудбалската пензија, но самото доаѓање на легендарниот голгетер на дуелот Милан -Њукасл беше причина за нови шпекулации дека Ибракадабра планира да се врати назад во клубот каде што ја заврши кариерата.
Ибрахимовиќ дојде во Милано по убедливиот пораз на градското дерби во обид да ја крене атмосферата меѓу поранешните соиграчи, но весникот „Кориере дело спорт“ обелодени дека Златан потоа имал средба со директорот Кардинале, при што добил понуда да се врати. Првата понуда била како бренд амбасадор на клубот, но Кардинале останал отворен за сугестии Ибрахимовиќ самиот да каже во каква функција во Милан се гледа во најдобро светло.
Следел експресен одговор што првиот човек на „росонерите“ не го очекувал – Златан се заблагодарил на интересот, но јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за камбек на „Сан Сиро“. Негова желба е засега да ужива во пензионерските денови се додека не донесе конечна одлука – каква ќе биде неговата поврзаност со фудбалот во иднина, дали ќе тргне во тренерски, директорски или можеби менаџерски правец.