Уапсена група педофили во Србија, регрутирале деца од 3 до 14 години на интернет

Поголема група педофили е уапсена во полициската акција Армагедон, на територијата на цела Србија.

Според првите информации, од слобода биле лишени сексуалните предатори кои злоупотребувале интернет и правеле криминални дејствија на штета на девојчињата и момчињата и ги постигнале своите цели.

Меѓу жртвите има и деца на возраст од 3-14 години.

Акцијата ја спроведоа припадници на Дирекцијата за технологија, Службата за борба против високотехнолошки криминал, МВР на Србија, во соработка со Обвинителството за ВТК, пишува Блиц.