Итудис не е повеќе селектор на Грција

Грција не се прослави на последното Светско првенство (СП) во кошарка, а сметката за тоа реши да ја плати Димитрис Итудис, кој си поднесе оставка од селекторското место.

„Хелените“ не дојдоа до посакуваното четвртфинале, а на резултатот се одрази отсуството на првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, како и повредите на Костас Слукас и Ник Калатес.

Така, Итудис ја презеде одговорноста, а зад себе Грците покрај неуспешен настап на Светското првенство оставија и на Европското првенство каде завршија како петти.

Димитрис Итудис во иднина ќе работи само за екипата на Фенербахче.