
17-годишен Австриец со турско потекло е уапсен под сомнение дека бил член на терористичка група и планирал терористички напад во Виена.
Активностите на момчето долго време биле следени од австриската служба за заштита на Уставот и борба против тероризмот. Така, било утврдено дека 17-годишникот во групен разговор на Интернет изразил конкретни планови за терористички напад во Виена. Тој, исто така, споделил фотографија на која држи борбен нож во едната рака, а другата му е подигната во знак на поздравот на исламистичката терористичка група ИСИЛ.