
Двегодишно дете донесено од Ресен на скопската Детска клиника починало, откако било лекувано од тешко белодробно заболување, и во Битола, а потоа и во Скопје.
Детето живееле во Германија и имало оскудна медицинска документација.
Брзиот тест покажал дека е позитивно на ковид, а мајката била негативна.
Д-р Фуштич, директорката на Детската Клиника за телевизија Телма изјавила дека ковидот не е причина за смртта.
Детето имало претходни други дијагози, кои го отежнувале протокот на воздухот.
Било поставено на кислородна терапија, а во одреден период се стабилизирало. Но, потоа паднала сатурацијата. Имало обиди да се стави да механичка вентилација, но не се успеало. Обидите за реанимација не биле успешни.