(Видео) Стоилковски: Претседател на државата е фикус на власта и претседател лажго

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција изјави дека претседателот на државата Стево Пендаровски бил лажго и како што рече, е фикус на власта.

„Пендаровски да престане да се користи со флоскули и титули, туку јасно да излезе во јавноста кој тоа се консултирал со него за амнестија, во спротивно ќе го сметаме за уште една пласирана лага од него. За жал претседател на државата е фикус на власта и претседател лажго“, кажа Стоилковски прашан за тоа дали опозиционерите кои го консултирале претседателот за амнестија на Груевски се обратиле и кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ.