Папата Франциск денеска ги повика верниците да се покајат за своите „еколошки гревови“.
„Со помош на Божјата милост, да усвоиме животни стилови кои се карактеризираат со намалување на отпадот и непотребното трошење“, напиша папата на мрежата Икс (Твитер).
Папата често зборува за потребата од борба против климатската криза.
Пораката беше објавена пред објавувањето на 4 октомври на втората верзија на неговата енциклика Laudato Si’ (Пофалба), објави Анса.
Во енцикликата „За грижата за нашиот заеднички дом“ од 2015 година, аргентинскиот папа го критикуваше консумеризмот и деградацијата на животната средина и повика на акција за борба против глобалното затоплување.