Италијански воен авион се урна во текот на вежбовни летови во Торино, при што паднал врз автомобил и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, објавија во саботата италијанските медиуми.
Италијанската новинска агенција AGI јави дека деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се во животна опасност.
Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болниците.
🛬 PRECIPITATO un velivolo delle Frecce Tricolori.
Salvo il pilota. pic.twitter.com/DmVAFnOdBO
— drb (@dottorbarbieri) September 16, 2023
Авионот бил дел од воздухопловната формација „Frecce Tricolori“, а се урнал во близина на аеродромот Казел, на кој требало да слета околу 17 часот и каде што требало да учествува на аромитинг чија кулминација трбало да бидат акробациите на оваа формација.
Според првичните извештаи, авионот паднал веднаш по полетувањето и се урнал при завршетокот на пистата на територијата што спаѓа во општината Сан Франческо ал Кампо. Авионот потоа се запалил. Пилотот се катапултирал од кабината неколку моменти по контакт со земјата. Според првичните извештаи, падот на леталото веројатно некако влијаел врз автомобил, односно некои делови од авионот.
Во италијанските медиуми засега се шпекулира со две варијанти за трагедијата. Според едната, причина за падот е јато птици, а според втората станува збор за дефект на моторот на леталото.