Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со месеци не е на тениските терени бидејќи се опоравува од повредата, а за тоа време Новак Ѓоковиќ го престигна по бројот на Грен слемови, но „кралот на земјените терени“ не планира да се откаже.
Рафа сега има 22 Грен слем трофеи, а Ѓоковиќ 24, но Шпанецот се подготвува за големо враќање на терените.
Многумина со нетрпение го очекуваат бидејќи сакаат повторно да го видат еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а меѓу нив е и познатиот германски тенисер Борис Бекер.
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ верува дека Рафа се враќа за да го освои Ролан Гарос следната година, како и златен медал на Олимписките игри во Париз, кои исто така ќе се играат на земјена подлога и на истите терени како вториот Грен слем сезонава. .
– Не се враќа да игра прво или второ коло, туку да освојува турнири. Неговата крајна цел секогаш ќе биде Париз, веројатно Олимпијадата да се игра на земјена подлога на Ролан Гарос. „Можеби ќе има неколку порази на почетокот, но ако остане здрав и одигра десет или 15 натпревари, никогаш не би се обложил против него на земја“, рече Бекер.
Доколку се остварат предвидувањата на Бекер, Новак ќе има многу маки во Париз каде ако се оди според планот, последен пат ќе игра на Олимписките игри.
Тоа ќе му биде последна шанса да освои златен медал, а досега има само бронза од Пекинг 2008 година.