Тренерот починал за време на меч за титулата на неговата сопруга

Боксерскиот тренер Диего Аруа почина во петокот вечерта од срцев удар, кој го доби за време на мечот во кој неговата сопруга Сабрина Перез се бореше против Скај Николсон!

Оваа вест ја пренесоа речиси сите релевантни светски медиуми, а се наведува дека 58-годишниот Аруа колабирал меѓу 9-та и 10-тата рунда.

Аруа беше во аголот додека Сабрина ја водеше борбата за титулата во лесна категорија на ВБЦ. За жал, тој не се опорави од наводно „погубниот“ срцев удар и почина во болница, јавуваат надлежните..

Сабрина не беше во рингот кога беше прочитана одлуката на победникот, а нејзината противничка го зеде појасот со едногласна одлука.