(Видео) Најава: Нова сезона на Трилинг со старите преокупации

Зошто претседателот Пендаровски без двоумење го потпиша указот за измените на Кривичниот законик со кој се намалуваат затворските казни за одредени дела?

Дали измените се македонска шлаканица за Брисел и релативизирање на американската црна листа на која се најдоа политичари и бизнисмени?

Дали Пендаровски би го амнестирал екс премиерот Груевски?

Несвесно ли паднавне во бугарска замка со отварање на историските прашања и кои би биле реперкусиите врз државата ако до ноември не се реализираат уставните измени?

На овие и други прашања одговара во интервјуто претседателот Стево Пендаровски.

Во Трилинг со адвокатот и поранешен антикорупционер Драган Малиновски анализираме дали со измените на Кривичниот законик и носењето на Закон за амнестија е уште еден удар врз политиката на неказнивост и ерозија на правниот систем?

Од вечерва еднаш месечно во Трилинг гостин водител.

Уредничката на Фокус, Ирена Мулачка која го обелодени скандалот на Клиниката за онкологија разговара со Александра Величковска на која пред повеќе од една година и бил дијагностициран рак?

Трилинг, вечерва 20.45 часот.