Претседателот на Русија, Александар Лукашенко, денеска одржа средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, а тема на разговор биле билатералните односи меѓу двете земји, како и меѓусебната интеграција во екот на меѓународната изолација на нивните земји, како последица на руската воена инвазија врз Украина.
Кремљ соопшти дека двајцата лидери разговарале и за средбата која порано оваа недела се одржа меѓу Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој пак понудил „целосна и безусловна“ поддршка за Русија.
Во соопштението за јавноста по денешната средба кое го објави Кремљ, стои дека Лукашенко посочил дека се потребни уште три месеци за да се постигнат потребните чекори за завршување на интеграцискиот процес меѓу Русија и Белорусија, а исто така изразил и надеж дека неговата земја ќе биде вклучена во развивањето и унапредувањето на партнерството меѓу Русија и Северна Кореја.
Путин пак, односот со Белорусија го нарекол „стабилен“, а на маса ги истакнал и „меѓусебните прашања и меѓусебни обврски“.
Исто така, Путин на оваа средба, ги отфрлил шпекулациите дека на средбата со Ким Џонг Ун барал помош од неговата земја во војната против Украина.
Медиумите пренесуваа дека Ким во петокот посетил фабрика за авиоиндустрија, вклучувајќи и ловечки авиони, со што ја заврши својата посета во Русија.
Иако Белорусија досега не праќаше своја војска за да се приклучи во руската војна во Украина, сепак таа дозволи Москва да ја искористи нејзината територија како терен за инвазијата која Москва ја започна во февруари 2022 година.
Двете земји во мај потпишаа документ со кој се дозволува поставување на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, што пак претставува прво преместување на ваков тип боеви глави надвор од Русија уште од падот на Советскиот Сојуз.