Володимир Зеленски – претедателот на Украина вели дека Украина нема да одговори на провокациите во источниот регион Донбас и дека ќе се обиде да воспостави мир преку дипломатски пат.
„Не одговараме на провокации и се обидуваме да воспоставиме мир исклучиво преку дипломатија“ – напиша Зеленски на Инстаграм.
Тој отпатува во Германија за да присуствува на Безбедносна конференција во Минхен, додека неговата земја се подготвува за евентуален воен напад од Русија, која има распоредено повеќе од 100.000 војници во близина на украинските граници.
Украина е подготвена за секое сценарио, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба.
„Се подготвуваме за секое можно сценарио“ – истакна шефот на украинската дипломатија на Минхенската безбедносна конференција.