„Измените на Кривичниот законик се проблематични и од аспект на процедурата во која се донесени и дали се потребни“, смета Зибери

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека се проблематични измените Кривичниот законик, кои од денеска стапија на сила, а кои беа донесени минатата недела во скратена постапка. Со овие измени на Кривичниот законик се намалија казните за функционерите и јавните службеници за злоупотреба на службената должност, а се намали и периодот на застарување на делата. Според Зибери тие се проблематични од од аспект на процедурата во која се донесени.

-Тие измени во Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата во која се донесени, многу кратка, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни во насока на сузбивање на овој тренд на корупција во јавниот сектор. Тоа е едниот момент. Исто така, милам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребни мерки кои држвата треба да ги преземе и дали се тие делата за кои треба да бидат намалени казните. Реакциите не одат во прилог на мерката, изјави Зибери.