Српски политичар се полил со бензин и се запалил пред полициска станица

Советникот во собранието на општина Топола Д.М.(53) околу четири часа по полноќ се полил со бензин пред полициската станица, а потоа се самозапалил.

Според полицијата Д.М. во видно алкохолизирана состојба околу часот по полноќ дошол пред полициската станица и започнал да ги навредува полицајците. Подцна откако легнал на коловозот се полил со бензин и се замозапалил.

Веднаш бил префллен во болницата во Крагуевац, каде според последните информации , е во тешка здравствена состојба и е витално загрозен.

Засега не се познати причините за неговото самозапалување. Според неговиот колега пратеник во градското собрание од редовите на владеачката Српска напредна странка се работи за душевно растројство искомбинирано од дејство на алкохол.

Драган Јовановиќ, пратеникот на Српската напредна странка во тој град, на својот Фејсбук профил објави фотографии од местото на настанот, како и информации за се што се случило.