
Се надевав дека со доаѓањето на новиот министер за здравство ќе се подобри состојбата и уште тогаш порачав дека ќе ја следиме ситуацијата не само на Онкологија, туку и во други области од здравствената заштита.
Примерот на Онкологија е само еден од примерите кои најпластично ги покажуваат проблемите со кои се соочуваме во здравството и морам да констатирам дека има сериозна повреда на правата на граѓаните во здравствената заштита, кои се надевам дека ќе добијат судски епилог, изјави народниот правобранител Насер Зибери во Штип во одговор на новинарско прашање.
Зибери посочи дека уште пред шест месеци бил отворен предмет за недостиг на потребните лекарства за тертман на пациентите на Онкологија.
Отсуство има и на лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза, околу проширувањето на палетата на лекови кои ги рефундира Фондот за здравство, проблемите кои се појавуваат со „Мој термин“ за кој цениме дека е не е доволно ефикасен и понекогаш нефукционален, но како одминува времето се гледа дека проблемите во тој ресор се сериозни, додаде Зибери, кој денеска во Штип учествуваше на таботилница на тема
„Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“.