
Пласманот на дури четвртата позиција на неодамна завршеното СП, во САД беше прифатено трагично, со оглед што Американците отсекогаш се сметале како колевка на кошарката и како убедливи најдобри на светот, па ваквиот пласман ептен ги заболе.
Прв се огласи сигурно најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, кој ѝ се извини на јавноста што Мундобаскетот не бил сфатен сериозно и најави дека тој ќе го предводи составот за ЛОИ 2024 во Париз, заедно со сите најголеми ѕвезди кои во моментов настапуваат во НБА.
„Не се грижите, доаѓа Леброн и ќе бидеме многу силни на Олимписките игри. Време е да ги вратиме САД на светскиот трон. Момчињата на Стив Кер одиграа квалитетен турнир, но потфрлија во клучните натпревари. Во Париз мора да отпатуваме со силна екипа и да покажеме зошто сме најдобри кошаркари во светот. Малку ја зафркнавте работата на Мундобаскетот, јавноста очекуваше златен медал, но видовме што се случи. Не сакам да ги критикувам играчите, тие веројатно дадоа 200-отсто од своите можности, но мислам дека е време да се вратиме во препознатливо светло. Целата планета знае дека сме најсилна кошаркарска нација и во Париз ќе го докажеме тоа“, изјави Џејмс.
Американците најавија дека селекторот Кер најверојатно ќе остане селектор, а во тимот покрај Џејмс ќе се најдат, меѓу другите, уште и Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Џејлен Браун, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Каваи Ленард и Кајри Ирвинг.