Владимир Путин – претседателот на Русија потпишал указ со кој се повикуваат руските резервисти на воена обука во 2022 година, објавија дел од руските медиуми.
„Во 2022 година ги повикуваме сите граѓани на Руската Федерација кои се во резервен состав да поминат воена обука во Вооружените сили на Руската Федерација, службите за државна безбедност и федералните безбедносни служби“ стои во декретот потпишан од рускиот претседател.
На Кабинетот на министри и на извршните органи на руските региони им беше наложено да обезбедат спроведување на мерките поврзани со поканата на граѓаните во кампови за обука.