Ковачевски обвинува дека Левица е против членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека очекува уставните измени да ги поддржат сите пратеници во Собранието, освен двајцата на Левица.

Тој кажа дека ако порано имавме вето од надвор, сега имаме вето од внатре.

„Меѓутоа еве да дадеме простор на процесот, сите да можат да ги кажат своите ставови и да ги моделираат согласно своите и интересите на граѓаните коишто сакаат со огромно мнозинство над 80 проценти да живеат во земја членка на ЕУ“, вели Ковачевски.

Ковачевски остава простор за договор и секој да ги модерира своите ставови.

„Видете кога ќе има доволен број на гласови, 120 кога ќе гласаат минус два од Левица коишто сигурно немаат да гласаат. Тие се против членството на државата во Европската Унија и дотогаш оставам простор на договори и секој да ги модерира своите ставови“, рече Ковачевски.

На потег ли е нова дипломатска офанзива за уставните измени. Во посета на земјава е германскиот специјален претник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.