
Привремениот биланс на загинати од минатонеделниот земјотрес во регионот југозападно од туристичкиот град Маракеш во Мароко се зголеми на 2.497, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пренесува Бета-Франс прес.
Претходниот биланс даден синоќа беше 2.122 загинати.
Во соопштението Министерството објави нов биланс од 2.497 загинати и 2.476 повредени.
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени се случи во петокот вечерта.