
Триесет и шест годишниот тенисер во големото финале на УС Опен го совлада Русинот Данил Медведев со 3:0 по сетови 6:3, 7:6, 6:3 и го зголеми својот рекорд по број на освоени гренд слем трофеи.
Со сјајна игра од почеток до крај, српскиот тенисер славеше во финалето, го обнови својот рекорд, му избега два сренд слема на Рафа Надал и го израмни рекордот на легендарната Маргарет Корт која освоила 24 трофеи но пред Отворената ера кога играле и тенисери аматери.
Новак Ѓоковиќ го освои третиот Гренд Слем сезонава а таков подвиг прави четврти пат во кариерата.
До 4 ГС во сезона стигнуваше во 2011-та, 2015-та, 2021-ва и сега во 2023-та. Во машкиот тенис никој никогаш немал така ефикасни сезони. Најблизу до Новак беше Роџер кој има три ГС во една сезона а Надал, Матс Виландер, Род Лејвер и Џими Конорс по еднаш освоиле 3 ГС пехари во една сезона.
Србинот стана и шести машки тенисер во историјата кој 4 пати го освоил УС Опен. Претходно толку или повеќе трофеи во Њујорк кренале Рафа Надал, Џон Мекинро (по четири), Роџер Федерер, Пит Сампрас и Џими Конорс (по пет пати).
Ѓоковиќ стана воедно и највозрасниот освојувач на УС Опен со 36 години. Го надминал досегашниот рекорд на Кен Розоул од 1970-те години. Новак е најстар шампион во историјата на два Гренд Слема, на УС Опен и на Ролан Гарос.
Од своите 24 ГС трофеи Ноле точно половина освои после негови 30 години и тоа е исто рекорд. Новак се приближи и до рекордот на машкиот тур по вкупен број на титули – во моментов има 96 а повеќе од него имаат Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109).
Триумфот над Димитри Медведев во финалето стана 252-ра победа на Новак во дуелите со Топ10 тенисери и тоа е уште едно рекордно остварување.
Новак има вкупно 1.076 победи а пред него се Федерер со 1.251 и Конорс со 1.274.