
Нов пожар избувнал попладнево во шумска област во близина на Илиас, на Пелопнез. Другиот пожар е исто така во шумска област, но кај местото Кери на островот закинтос, објави Катимерини.
Противпожарната служба информира дека за гаснење на пожарот на Пелопонез се ангажирани 28 пожарникари со осум возила, три авиони и еден хеликоптер.
На Закинтос, пак, на терен се 14 пожарникари со седум противпожарни возила и три авиони.