„Нова конзулка во Њујорк, а европратеникот Џамбаски поздравува со застарен поздрав во ЕП. Изгледа се враќаат на корените. Сепак тоа не е главно. Замениците министри од ДУИ наведуваат дека работат на гугл хром, опера и мозила – три различни пребарувачи, а друг вели дека работи на виндоус. Ова наиде на потсмев, но ова е чекор напред од ДУИ“ – вели нашиот Моџо Килингтон во најновото издание на рубриката (Не) реално со Моџо.
„Од другите понебитни вести – во неделата во Скопје немаше струја, Мицкоски вели дека го саботираат“.
„По една градинка се гради на 3 дена, а училиште за 2 дена, стои во отчетот за 100 дена“.
„На меѓународна политика – министерката Славјанка упати остри тонови до Путин – бара деескалација и да ги повлече трупите од украинска граница, сигурно во Кремљ се разбира сериозно“.