Пожар на траект кај Крф – исчезнаа 11, а спасени се 278 лица

Како исчезнати се водат 11 патници, спасени се 278 лица, а полесно повредени се 10 патници на траектот „Euroferry Olympia“ на кој избил пожар додека од Грција пловел кон Италија.

Официјалното соопштение  е „констатирано е дека се спасени 278 лица, меѓу кои и едно лице кое не било на официјалниот список на патници“.

Продолжува акцијата за спасување на двајца странски државјани кои се наоѓаат во бродот, но и за пронаоѓање на 11 исчезнати патници, меѓу кои тројца се грчки државјани.

Од крајбрежната служба додаваат дека кон бродот се упатува и нуркачка единица, а паралелно со вложуваат максимални напори за гаснење на пожарот на траектот.

Според сведоштвата на патниците, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служби.

Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната.