Кедев категоричен: Нема да трча по претседателската функција следните избори

Моите сегашни приоритети не се компатибилни со каков било политички ангажман – рече Кедев во настапот на ТВ Сител. Неговото име се споменуваше како можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори што треба да се одржат следната година.

Не, тоа е завршена работа, неколку пати досега сум кажал – одговара познатиот кардиолог, алпинист и поранешен пратеник Сашко Кедев во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, на прашањето дали во иднина размислува за нов политички предизвик и ангажман. Името на Кедев се споменуваше како можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори што треба да се одржат следната година.

„Тоа беше една фаза во животот и за мене едно позитивно лично искуство бидејќи тогаш успеав да го запознаам сопствениот народ, сите граѓани на Република Македонија, од која било етничка припадност и тоа е нешто коешто засекогаш ќе остане врежано длабоко во мене бидејќи се соочив со сопствениот народ и уште повеќе го засакав сопствениот народ“, одговара Кедев.