Комисијата за заразни болести поради растот на бројот на заразени деца на училишна возраст наложи скринингот да започне утре.
Од утре со брзи антигенски тестови ќе се бараат асимптоматски случаи кај основците.
До родителите веќе се пуштени барања за согласност, потврдуваат од училиштата. За разлика од претходно кога се тестираа ученици по список направен по случаен избор од МОН, сега, секој родител може да го пријави детето за тестирање.
Иако расте бројот на позитивни дечиња од училишна возраст, сепак, сега почесто во болница поради ковид завршуваат помалите.
Дури 60 % од хоспитализираните во ковид центарот за деца „Козле“ се бебиња и деца до 3 години, а останатите се на возраст од 9 до 16 години.