Бучковски: Бевме близу до решавање на проблемот со Бугарија во 2020-та

Владо Бучковски – поранешниот специјален претставник на Владата во разговорите со Бугарија за Канал 5 тв изјави дека при крајот на 2020 година сме биле близу до решавање на проблемот.

„Мислам дека бевме многу блиску пред Новата година 2021. Мислам дека бевме блиски со ставовите на либералниот дел од бугарската Влада. И тогаш беа на маса петте точки. Мислам дека имаше сериозно приближување. Акцентот падна на точки коишто можат да се решат, изјави Бучковски.

Тој рече дека ќе продолжи да работи на каузата и ќе се труди да дојде до зближување на двата народа и надминување на сите проблеми.