
Денеска во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, една група се издвојува како посебно силна.
Групата Ф е групата на смртта за новата сезона во Лигата на шампионите, таму се ПСЖ, Милан, Борусија Дортмунд и Њукасл.
Единствениот македонски репрезентативец во ова натпреварување, Елиф Елмас ќе игра во групата Ц каде се уште и Реал Мадрид, Брага и Унион Берлин.
Актуелниот шампион, Манчестер Сити ќе игра во Белград, се падна во група со Црвена звезда Лајпциг и Јанг Бојс.
Еве го распоредот на сите 8 групи:
ГРУПА А: Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Копенхаген, Галатасарај.
ГРУПА Б: Севилја, Арсенал, ПСВ, Ленс.
ГРУПА Ц: Наполи, Реал Мадрид, Брага, Унион Берлин.
ГРУПА Д: Бенфика, Интер, Салцбург, Реал Сосиедад.
ГРУПА Е: Феенорд, Атлетико Мадрид, Лацио, Селтик.
ГРУПА Ф: ПСЖ, Борусија Дортмунд, Милан, Њукасл
ГРУПА Г: Манчестер Сити, Лајпциг, Ц. Звезда, Јанг Бојс.
ГРУПА Х: Барселона, Порто, Шахтјор, Антверпен.