
Поплави и жители без струја: Ураганот Идалија пристигна во Флорида
Опасниот ураган Идалија сега е категоризиран како ураган од втора категорија. Тој пристигна на копното на Флорида, оставајќи илјадници жители без струја.
Ураганот Идалија, додека патува низ северна Флорида ослабна до втора категорија. Сепак, неговата сила се уште е застрашувачка. Земјата е зафатена од обилни дождови и континуирани ветрови со брзина од над 170 км/ч.