Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини Владата и нејзиниот претседател Ковачевски дека немаат чувство за постигнување национално единство во врска со важни идентитетски и други прашања, особено по спорот со Бугарија. Тој од Кочани побара власта да ја прифати понудената декларација што опозицијата ја достави во Собранието.
„Спорот со Бугарија останува отворен и попродлабочен, мислев дека се работи за незнаење и немање чувство за моментумот, но сè повеќе станува јасно дека се работи за тенденција на Ковачевски и Владата да не сакаат да постигнат национално единство. Отуство на единство за вакви важни национални прашања само значи нов пораз за Македонија и македонскиот народ. Ако ова се лекциите на Заев, што ги следи Ковачевски, јас би му препорачал да се тргне од таа прегратка, затоа што лош е учителот. Вели дека местото на национално единство било во Собранието, а дека ВМРО-ДПМНЕ таму блокирало. Тоа е неточна теза, а ако така размиуслуваат тогаш во Собранието се наоѓа Декларадцијата за македонскиот титан Ѓорѓи Делчев. Нека ја прифатат, а не да ја одбиваат и доколку не им е прифатлива, јавно нека кажат во кој дел не се согласуваат со содржината на Декларацијата. Ако под единство во Собранието подразбираат да го поминат законот за марихуана, тогаш ниту за 100 години од сега нема да се согласиме. Затоа, уште еднаш апелирам за национално единство за најголемите прашања, нека ја сфатат важноста на историските мигови кои ние како генерација ја носиме. Ако се договорени шверцерски со Бугарија, тоа треба јасно да го кажат уште сега, а идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ таков договор нема намера да почитува. Спремен сум да ја премостам секоја разлика, само Владата да ги заштити националните интереси, ако веќе не ги распродала, и таа врата за овие прашања е секогаш широко отворена, а ВМРО-ДПМНЕ останува да биде тој стожер на нашиот дом“ рече Мицкоски.