Доживотен затвор за мајка која ги убила своите 5 деца
Прогласена за виновна е 28-годишна жена во Германија поради убиство на своите 5 деца во градот Солинген, во септември минатата година.
Судот во Вупертал ја донел пресудата без можност за помилување.
Информациите се дека мајката најпрво им давала лекови на децата за да заспијат, а потоа ги задушила.
Причината за злосторството најверојатно е поради тоа што нејзиниот поранешен партнер и испратил фотографија на која тој е со новата девојка.
Германката се обидела и да се самоубие скокајќи под воз, но завршила само со тешки повреди, безопасни по животот.