Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот

Телото на едно лице е пронајдено во полето со пченка кај Батајница каде денеска се урна мал авион, а според неофицијални информации, со леталото управувал неговиот сопственик.

Малиот авион паднал во близина на Батајничка јамка, а според информациите на српските медиуми пилотот побарал помош бидејќи не му работеле командите.

Авионот се запалил по падот.

На терен се неколку екипи на итната помош и пожарникари.