
Во изминатите 40 дена Вучиќ дури 30 пати им се обратил на граѓаните
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите 40 дена дури 30 пати директно им се обратил на граѓаните преку телевизија со национална фреквенција, соопшти „ЦРТА“.
Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) наведува дека во анализата е анализиран периодот од 1 јули до 9 август годинава.
Како што додадоа, за денеска е најавен уште еден „ексклузивен специјал“, односно гостувањето на Вучиќ во емисијата „Кирилица“ од 21 часот на Хепи ТВ.
Претседателот на Србија вчера им се обрати на граѓаните заедно со премиерката Ана Брнабиќ кога ги презентираа проектите што ќе се градат во Србија до 2027 година.