
Италијанецот Џакомо Чипарини (74) бил пронајден згмечен под илјадници пити кашкавал, соопштија властите.
Чипарини починал откако врз него се срушила полица која пукнала, во неговиот магацин во регионот на Ломбардија, информира АФП.
Пукањето на полицата предизвикало домино ефект, соборувајќи илјадници пити кашкавал, од кои секоја тежи по околу 40 килограми.
Пожарникарите цели 12 часа го барале телото на Чипарини. Некои од питите, наводно, паднале од околу 10 метри и локален жител за италијанските медиуми изјавил дека уривањето звучело како грмотевици.
Причинетата економска штета е проценета на 7 милиони евра.
Магацинот содржел вкупно 25.000 пити „грана падано“, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е популарно во Италија.