Официјален Кремљ: Американската хистерија го достигна својот врв

Рускиот претседател – Владимир Путин и претседателот на САД – Џо Бајден синоќа имаа разговор, а официјален Кремљ ја осуди американската „хистерија“ околу Украина, прецизирајќи дека двајцата претседатели одлучиле „контактите да продолжат“.

„Хистерија го достигна својот врв“ – изјави дипломатскиот советник на Путин Јуриј Ушков. Тој додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.

Ушков кажа дека во последните денови и последните часови „ситуацијата е доведена до апсурд“ и додаде дека телефонскиот разговор Путин-Бајден „бил доста избалансиран и професионален по природа“.

Белата куќа ја претставува руската инвазија на Украина како прашање на ден, тврдејќи дека Русија распоредила повеќе од 100.000 војници на границите на Украина и дека спроведува маневри во Црното Море и Белорусија.

Западот бара Русија да испрати сигнал за смирување на тензиите, која, пак, бара НАТО да не се шири во ова подрачје.