Ѓоковиќ е втор играч во светот, Алкараз и понатаму му бега за 430 поени

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на второто место на АТП-листата објавена утрово со 8.795 бодови, додека првопласираниот Карлос Алкараз има 9.225 бодови.

Двајцата финалисти на Вимблдон минатата недела имаа идентичен скор, додека третопласираниот Данил Медведев загуби 160 поени, но сепак е најблизок придружник на шпанскиот и српскиот играч.

По нив следуваат Стефанос Циципас и Каспер Руд, кои ги заменија местата на четвртата и петтата позиција, а останатите пет играчи во Топ 10 се распоредени на идентичен начин како пред седум дена.

Холгер Рун е шести, а по него следуваат Андреј Рубљев, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.