УХМР: Врнежи ќе има и во текот на ноќта, но со помал интензитет

Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина.

Токму тука наврна најмногу дожд, а ова е најновата информација од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежи ќе има и во текот на ноќта, но не со толкав интензитет.

До изутрина ситуацијата со врнежите ќе се стабилизира.