Во Албанија лани починале рекордни 30.600 лица
Рекордно висока стапка на смртност бележи Албанија во минатата 2021. година година – потврдува Институтот за статистика – ИНСТАТ.
Според истражувањата, во 2021. година почнале 30.600 лица, што е за 2.900 повеќе споредено со претходната, додека пак во споредба со 2019 година, пред пандемијата, бројот на починати е повисок за повеќе од 8.600 лица
Најголем број смртни случаи се регистрирани во периодот јануари-март 2021 година или над 10.200.
Кај Албанците продолжува падот на стапката на наталитет. Во минатата година има над 3.700 новороденчиња помалку во споредба со 2020 година.