Зеленски: Информациите за напад само прават паника и не помагаат

Иако поголем број од земјите апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, претседателот на Украина – Володимир Зеленски рече дека само се шири паника.

Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците, истакна тој.

Зеленски додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“.

„И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат“ рече Зеленски.