И руските дипломати ја напуштаат Украина
Руски медиуми пренесуваат дека вработените во руската дипломатска мисија започнале да ја напуштаат Украина.
Руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.
Сведоци велат дека во екот на официјално објавената евакуација од некои западни земји, ваквата постапка укажува на тоа дека и Москва одлучила да тргне по истиот пат.
Досега неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија од Студената војна, поради ситуацијата околу Украина.
Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.