„Ние со ВМРО-ДПМНЕ имаме меѓусебна соработка за одредена соработка. Ние мислиме дека по вториот круг ќе се знае кој е реален победник, а кој реален губитник на изборите. Вториот круг е пресекот по кој ќе се гледа кој колку добил, а кој колку изгубил. Нашата поддршка е принципиелна, рековме дека Касами ќе го поддржиме во Тетово затоа што се натпреварува со ДУИ. Таму каде што се натпреварува ДУИ, таму поддржуваме друга опција. Овој резон треба да го употребува и Касами. ДУИ не се руши ни во Сарај, ни во друга општина. ДУИ може да се руши од централна власта во Скопје. Ова е тест за сите политички партии, за нашите ставови – ние сме против ДУИ“ – вели меѓудругото Елми Азири од Алијанската на Албанците во гостувањето во „Трилинг“.