„Научив многу работи од раѓањето на Луција, не знаев дали воопшто ќе прозбори. За мене огромна тежина дали ќе можеме да комуницираме. Со секого можете да комуницирате, најважно е да чуете од другата страна кои се потребите“ вели Ида Мантон, мајка на девојче со Даунов синдром во Трилинг.
Таа смета дека „родителите треба да се сервис на децата. Многу лекции се исправени пред сите нас. Благодарна сум што сме во ситуација да истражуваме, живееме секаде, имам пристап до повеќе перспективи“.
Мантон е со став дека „во цивилизираниот свет се веќе далеку, а ние ќе мора да го унапредиме законодавството, немаме престава колку не знаеме“.
„И ден денес ни се случува да ни речат луѓе на улица – види колку е слатка, не сме наишле на ситуација каде Луција била дискриминирана. Во Македонија има случаи каде родителите ги оставаат децата затоа што се со Даунов синдром, мажот ја оставил жената затоа што му го донела ова `зло`. Секому се случува, едноставно треба поддршка“ вели Мантон.
Треба нов систем за општествена инклузија за децата со посебни потреби. Зошто на семејството Мантон му дозволија да отвори Центар во Скопје за децата и студентите со Даунов синдром.