„Овој кабинет ќе креира антикорупциски политики. Еден од фокусите на оваа Влад е креирање на систем за објективно унапредување во јавната администрација – транспарентна и професионална, минимизирање на можноста за клиентелизам и непотизам“ – вели Славица Грковска, вицепремиер задолжен за политики за добро владеење за Трилинг.
Таа за реформите во јавната администрација смета дека „е добро да се разгледуваат прашањата со поширок консензус, тоа треба да е долгорочно системско решение, без разлика која Влада ќе е на позиција“.
За нотирањето на партизирано судство, Грковска вели „приврзаник сум да се таргетира личната одговорност, не колективна одговорност. Сметам дека не може да се случи тоа преку ноќ, но работите почнуваат да се движат во позитивна насока“.
Никој не може да биде амнестиран од кривична одговорност, особено не носителите на власта – порачува Грковска.
„Очекувам професионално да си ја завршат работата и да не водат сметка дали станува збор за некое звучно име и презиме или пак за некој друг. Јасно е и сосема се согласувам со револтот во јавноста кога ќе слушнат дека има поинаков третман спрема некој што е позната јавна личност и тоа не секогаш политичар, туку и од бизнис секторот, кога има поинаков третман во, да речеме, во обвинителските и во судските случаи, да изјави некој „обичен“ граѓанин што за многу полесно дело има поинаков пристап“ вели таа.