Евроамбасадорот Гир во посети на општина Дебар

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе престојува во посета на општина Дебар. За време на престојот во Дебар, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

Тој ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на земјава.

Ова е осма во низата општински посети по отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ во јули 2022 година. Целта на посетите е да се претстават новите чекори во процесот на преговори за пристапување во ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на македонските граѓани.