Бајден: Американските државјани треба веднаш да заминат од Украина

Џо Бајден – претседателот на САД ги предупреди сите Американци кои се останати во Украина веднаш да заминат од земјата.

„Заминете. Американските државјани треба да замниат веднаш“ – кажа Бајден за „Ен-би-си“.

„Ова не како да се справуваме со терористичка организација. Се справуваме со една од најголемите армии во светот. Ситуацијата е многу поразлична и работите можат да станат ненормални мошне брзо“ рече Бајден.

На прашањето дали постои сценарио во кое тој ќе испрати американски војници во Украина да спасуваат државјани на САД, тој одговори негативно.

„Не постои такво сценарио. Кога Американци и Русија започнат да пукаат еден на друг тоа е светска војна. Ние сме во многу поразличен свет од кога и да било“ – рече американскиот претседател.

Според американски воени и разузнавачки оценки, руската армија може да започне сеопфатна инвазија на земјата со тенкови што можат да стигнат до Киев за 48 часа.